Министерството за економија и во идниот период ќе ги засили субвенциите и обуките што се насочени кон поддршка на младите и потенцијалните претприемачи, женското претприемништво, автентичните занаети, како и кофинансирање на проекти за промоција и развој на занаетчиството. Во овие обуки ќе биде вклучено и кластерското здружување преку тренинг и надградба на менаџментот на кластерите, подобро вмрежување на кластерите и поддршка на проекти од кластерските здруженија за развој на иновативноста и развој на брендирани производи. Aктивностите ќе се насочат и кон секторска извозна промоција, како и за организирање тематски саеми и за развивање на стандарди за квалитет и прилагодување на барањата на пазарите на ЕУ. За компаниите е предвидено кофинансирање за воведување или обука за ИСО, Хаццп и Халал СА 8.000, за развој на индустриски дизајн, апликација за патенти, учество на конференции, работилници и бизнис-форуми, како и за развој на нов производ или подобрување на постојниот во смисла на изработка на нова амбалажа, етикета или лого, изработка промотивни материјали, воведување ЦЕ ознака, еколошка ознака, за развој на пазар.
Министерството за економија и во идниот период ќе ги засили субвенциите и обуките што се насочени кон поддршка на младите и потенцијалните претприемачи, женското претприемништво, автентичните занаети, како и кофинансирање на проекти за промоција и развој на занаетчиството.
Во овие обуки ќе биде вклучено и кластерското здружување преку тренинг и надградба на менаџментот на кластерите, подобро вмрежување на кластерите и поддршка на проекти од кластерските здруженија за развој на иновативноста и развој на брендирани производи.
Како што вели Ваљон Сараќини, министер за економија, активностите ќе се насочат и кон секторска извозна промоција, како и за организирање тематски саеми и за развивање на стандарди за квалитет и прилагодување на барањата на пазарите на ЕУ.
- За компаниите е предвидено кофинансирање за воведување или обука за ИСО, Хаццп и Халал СА 8.000, за развој на индустриски дизајн, апликација за патенти, учество на конференции, работилници и бизнис-форуми, како и за развој на нов производ или подобрување на постојниот во смисла на изработка на нова амбалажа, етикета или лого, изработка промотивни материјали, воведување ЦЕ ознака, еколошка ознака, за развој на пазар - вели министерот Сараќини и додава дека ќе биде вклучено и истражување на пазарот, развојот на бренд, изготвување маркетинг-стратегија, изработка на интернетска страница и слично.
Сараќини потсети дека за компаниите се обезбедени евтините кредити од Европската инвестициона банка (ЕИБ), за кои стопанствениците аплицираат преку МБПР.
- Досега од оваа кредитна линија на располагање биле 250 милиони евра, од кои се повлечени 222 милиони евра за реализација на 761 проект, кои креирале околу 4.800 нови работни места. До средината на октомври се очекува да биде одобрена нова транша од 100 милиони евра од ЕИБ, кои на компаниите ќе им бидат достапни од ноември, а кредитите ќе бидат со фиксна каматна стапка од 5,5% и рок на враќање од 8 години за инвестициски проекти и 3 години за обртни средства. Само од последната, третата транша, искористени се 78 милиони евра, а на располагање на стопанството се уште 22 милиони евра - потврди Сараќини.
Тој смета дека за компаниите значаен ќе биде и Законот за финансиска дисциплина што го подготвува Владата, со кој плаќањето на обврските помеѓу фирмите во земјава ќе биде максимум 60 дена, а истиот рок ќе го имаат и државните институции за да ги исплатат своите долгови кон приватниот сектор, со што ќе се придонесе подобрување на бизнис климата во земјата и за воспоставување на фер правила на игра кои најмногу ќе бидат во прилог на малите и средни претпријатија кои досега се соочуваат со проблеми во наплатата на побарувањата.
Според него, мерките што ќе ги спроведува Министерството за економија се насочени кон подобрување на бизнис климата и зголемување на конкурентноста на националната економија, преку зголемување на конкурентноста кај МСП, како двигатели на развојот. Во овие мерки ќе се инкорпорираат и најдобрите искуства на многу европски земји и препораки на Светската Банка и меѓународните финансиски институции. Покрај континуираните активности за подигање на свеста за претприемништвото, помош и поддршка на МСП ќе добиваат за развивање на нивните деловни активности преку постојната регионална структура со поддршка на активностите на бизнис центрите и инкубаторите; за воведување на стандарди, вршење на промоција на нивните производи, интернационализација на бизнисите, но и за тоа како да пристапат до ЕУ фондовите; за организирање на натпревари за најдобар бизнис план со цел поттикнување на претприемничка култура кај помладата популација.